Општина Аеродром разгледува различни решенија за продлабочување на соработката со граѓанските организации и нивно поврзување и вмрежување, за што е потребно да се ажурира општинскиот регистар за да се утврди колку и какви здруженија и организации гравитираат на нејзината територија или, пак, соработуваат со општинската администрација.
Заинтересираните граѓански организации е потребно на aerodrom@aerodrom.gov.mk да испратат e-mail со податоци за:
– името на организацијата
– областа на дејствување
– телефонски број
– интернет-страница
На тој начин, општината ќе добие реална слика за потенцијалот на соработката што може да се оствари, во кој правец треба таа да се развива и како да се насочат заедничките напори во грижата за заедницата и за сите жители на општината.
Преку соработка и овозможување соодветна поддршка на граѓанските организации можеме да постигнеме значаен придонес кон претворање на Општина Аеродром во подобро место за живеење на секој поединец.
Извор: Општина Аеродром