Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, оствари работна средба со делегација од Фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung) во Република Северна Македонија предводена од г. Рене Шлее, директор за Северна Македонија и г. Валон Садики, програмски координатор.
Заблагодарувајќи се за средбата, директорот Села ја афирмира значајната улога на фондацијата, како најстара политичка фондација во Германија, во поддршка на иницијативи и проекти за мирољубива соработка, унапредување на човековите права и демократијата во Република Северна Македонија, а воедно го запозна својот соговорник со досегашната работа на АПЈ. Во овој контекст, двајцата соговорници имаа можност да разменат и мислења по однос на можна соработка меѓу двете институции.
Двете страни средбата ја оценија како мошне корисна и истакнаа дека остануваат отворени за продолжување на комуникацијата и соработка на проекти од заемен интерес.