spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПоднесeни амандмани со цел намалување на ефектите на кризата која претстои

Поднесeни амандмани со цел намалување на ефектите на кризата која претстои

Почитувани,

 

Од минатата недела имаме кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, ама само едно е различно во периодот пред и по кризната состојба: македонскиот народ е посиромашен за 4 милијарди денари, кои поради т.н. „кризна состојба“ ќе се испумпаат од државниот буџет и ќе се префрлат на сметката на АД ЕЛЕМ ( ЕСМ) и АД МЕПСО, за да можат и во иднина вака неуспешно да работат на нашиот грб.

 

Со 4 милијарди денари се гради половина блок во РЕК Битола или пак се гради било каков енергетски објект кој во моментов добро ќе ни дојдеше. Но, за жал Владата на СДСМ и ДУИ одбра да го реши проблемот со недостаток на струја од домашно производство на наједноставен начин за нив, а тоа е да го осиромашува народот.

 

Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои доаѓа до дефекти на блоковите од огромни размери е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на Македонија. Да не заборавиме дека парите од енергетскиот сектор се изнесуваат и преку камионите кои вртат за РЕК Битола. Омилениот бизнис на лица блиски до фамилијата на власт.

 

Енергетската криза во која се наоѓаме и која ќе се продлабочува во месеците кои ни претстојат е одговорност на власта, непознат поим за нив. Сите ќе бидат криви, може дури и ќе поднесуваат оставки со одложена примена, но справувањето со кризата ќе им оди многу тешко затоа што последиците од нивното управување со енергетските компании нема да исчезне преку ноќ.

 

Македонија има минимално домашно производство на електрична енергија поради нестручно и недомаќинско работење на ЕЛЕМ и МЕПСО. Сведоци сме како секој ден по некој од блоковите во РЕК Битола не работи поради хаварија како резултат на негрижата. За акумулациите нема потреба да се зборува, прашање е дали се во состојба да задоволат еден ден производство на струја.

 

Во 2017 година кадрите на СДСМ го преземаат ЕЛЕМ со 25 милиони евра депозити и дополнителни 8 милиони евра на сметка без доспеани долгови. Денес ЕЛЕМ и МЕПСО се на „апарати“. Ланската година ЕЛЕМ заврши со загуба од 16,8 милиони евра, во услови кога немаше енергетска криза. За оваа година, загубата ќе биде уште поголема. МЕПСО само во изминатиов период поради крадење струја од европската енергетска мрежа треба да плати 15 милиони евра.

 

Како завршница на сето ова, за да се покрие недомаќинското и несовесно работење на кадрите на СДСМ и ДУИ, но и да продолжат со своите бизниси граѓаните ќе бидат тие што ќе плаќаат повисока цена на електричната енергија.

 

Поради набројаните состојби во енергетскиот сектор ние, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ поднесовме амандмани со цел намалување на ефектите на кризата која ни претстои.

 

Бараме да се префрлат средства во АД Електрани на Македонија со цел цената за домаќинствата и малите потрошувачи да остане непроменета. Дополнително бараме од нашите колеги од власта да покажат разбирање и за правните субјекти кои набавуваат електрична енергија на слободниот пазар и на нив да им обезбедиме финансиска поддршка во овој критичен период. Повисоки цени на електрична енергија кај фирмите, значи поскапи цени на сите производи што ги купува секој од нас.

 

Следен амандман кој го имаме поднесено се однесува на финансиска поддршка на домаќинствата кои ќе набават агрегати за електрична енергија. Министерот гарантира дека домаќинствата ќе имаат струја до Нова година, што потоа никој не знае.

 

Почитувани,

 

Состојбата со енергетската криза е алармантна, а СДСМ и ДУИ се однесуваат ноншалантно и воопшто не се загрижени поради една единствена причина. На крајот граѓаните ќе го платат цехот за нивните грешки.

 

 

 

 

 

 

Извор:  ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...