spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Директорката, панелист на семинар за дигитализација на Даночната администрација

УЈП: Директорката, панелист на семинар за дигитализација на Даночната администрација

Вчера директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на покана на Светска банка учествуваше како панелист на третиот виртуелен семинар на тема ,,ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ: ПАТОКАЗ ЗА ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА,,. Семинарот е во организација на групацијата Светска Банка, Виенски Универзитет, Глобален Центар за даночна политика и ревизорска куќа Ернст & Јаунг, а директорката учествуваше на сесијата ,, Индекс на дигитална зрелост на даночната администрација,, каде што говореше за предизвиците со кои Управата за јавни приходи се соочува во процесот на дигитализација, за постојниот ИТ систем, за воведувањето на новиот Интегриран даночен информационен систем (ИДИС) како и за техничката помош која Управата за јавни приходи ја добива од меѓународните развојни партнери.

На панелот директорката ги претстави и тековните реформи и иницијативи на Управата за јавни приходи насочени кон промовирање на доброволното оданочување, подобрување на ефективноста на услугите на даночните обврзници и на деловното опкружување.

Нашата мисија е да обезбедиме интегрирана ИТ средина која целосно ја поддржува деловната стратегија на УЈП и е во согласност со меѓународните стандарди. – истакна Лукаревска на панел дискусијата.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...