spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со изградбата на новото училиште ќе се овозможи целодневен престој и...

Илинден: Со изградбата на новото училиште ќе се овозможи целодневен престој и сензорна соба за децата со попреченост

Во општина Илинден од следната учебна година за прв пат ќе биде воведен целодневен престој за најмладите ученици, а ќе биде отворена и сензорна соба за децата со попреченост, што ќе биде новитет кај нас.

 

Ова ќе се овозможи со изградбата на новото општинско основно училиште во населба Илинден, чија што изградба е во тек, а треба да биде завршена до крајот на годината.

-Изградбата на новото училиште се јави како реална потреба, бидејќи во моментов во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден, учат над 1000 ученици, при што наставата се одвива во две смени со полн капацитет и со присуство на повеќе од 30 ученици во една паралелка, изјави градоначалникот Александар Георгиевски.

 

За време на посетата на објектот во градба, градоначалникот Георгиевски рече дека изградбата на ова училиште е од големо значење како за подобрувањето на условите во образовнието и одвивање на современа наставна програма, така и за квалитетот на живеење во општина Илинден.

Заедно со градоначалникот Георгиевски, за тоа како се одвиваат градежните работи околу изградбата на новото основно училиште, се запознаа и повеќемина граѓани, членови на Советот, како и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од чии редови беше избран градоначалникот Александар Георгиевски.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...