spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Во соработка со ЗЕЛС ќе реализира повеќе проекти

Илинден: Во соработка со ЗЕЛС ќе реализира повеќе проекти

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со Ивана Серафимова од ЗЕЛС, која е координатор на регионалниот проект “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“. На средбата, градоначалникот беше информиран за тековните активности околу реализацијата на овој регионалниот проект. Исто така, се разговараше и за проектите што во наредниот период треба да се реализараат со ЗЕЛС, со дополнителни средства коишто ќе бидат обезбедени надвор од општинскиот буџет.

Регионалниот проект “Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ се реализира од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и се спроведува во три држави: Србија, Македонија и Босна и Херцеговина. Општина Илинден е една од првите шест општини и градови во регионот во кој се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклена амбалажа и адекватен третман на овој отпад.

Целта на проектот е соработка во вопспоставувањето синџир на вредности за собирање и рециклажа на отпад од стакло како, и едукација на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...