Парламентарното мнозинство на СДСМ ќе се зајакне, ќе се зголеми уште повеќе, а со тоа ќе можеме да одиме понатаму, напред во сите оние процеси коишто стојат како предизвик на државата и на владата предводена од СДСМ, истакна во интервју во емисијата „Трилинг“, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Со Алтернатива имаме заедничка заложба, а тоа е евроинтегративниот процес, рече Лукаревска, додавајќи дека Алтернатива го препозна прогресивното функционирање во државата, и се она што и досега беше заложба на СДСМ и нагласи дека во наредниот период сите нејаснотии и дилеми, сите непознати во равенката ќе бидат расчистени.
Најпрвин да ги видиме сите ефекти што ќе произлезат од средбата на претседателот Заев со претседателот на Алтернатива и од таму ќе можеме да ги црпиме размислувањата понатаму, нагласи Лукаревска.
Таа истакна дека треба да се остави времето да покаже, да не се оди со хипотетички размислувања, пред се е битно да се задржи она што значи државно владеење како што доликува на една земја кандидат за членство ЕУ, земја интегрирана во НАТО,
Првенствено е да продолжиме да функционираме и во вакви услови бидејќи има светски проблеми кои ги засегаат сите земји, не само нашата држава, и сето тоа да успееме да го изменаџираме успешно, како и досега, нагласи Лукаревска.
Во врска со оставката на претседателот Заев, Лукаревска рече дека раководството на СДСМ нема да калкулира со било какви имиња, рокови, а кога ќе дојде повторно на дневен ред оставката секако дека ќе почнат оние процедури, кои доликуваат на една демократска партија, преку правилници, критериуми, низ демократски процес за избор на нов лидер.
Го видовме неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за недоверба на Владата и сега е можност за она што беше нереализирано да се реализира, во владината програма, заедно со уште поголемо и посилно парламентарно мнозинство, тоа го очекуваат граѓаните, порача во интервју за емисијата „Трилинг“, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Извор: СДСМ