spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПолитички притисок врз членови на Левица од мафијашкиот режим на СДСМ и...

Политички притисок врз членови на Левица од мафијашкиот режим на СДСМ и ДУИ

„Притисоците и деградирањата на луѓето кои се поистоветуваат со Левица продолжуваат, како непрекинат притисок врз партијата за да се компромитираат нашите активности.

Јавноста е запознаена со оперативната рамка на мафијашката-владејачка гарнитура, која постојано ги користи државните инструменти за саботажа на поединци, движења и партии – но, откако судбината на владејачката коалиција се стави под знак прашалник, мобилизирани се сите средства за нечесно останување на власт.

Имено, мајката на наша кандидатка за советничка во Град Скопје, која од 2001 година во Фондот за здравствено осигурување работи како деловен секретар со статус на јавен службеник, со последната наредба потпишана од двата директори на Фондот – СТЕВО КРСТЕВСКИ и ФАТОН АХМЕТИ таа се задолжува на работно место кое се предвидува за службеници со средно образование.

Со оваа наредба, таа се деградира – и тоа, бидејќи нејзината ќерка на Фејсбук споделила статус на претседателот на Левица – Димитар Апасиев.

СДСМ и Левица се влезени во обратнопропорционален политички однос и растот на Левица директно влијае на иднината на социјалдемократскиот сојуз – затоа, тие свесно водат немилосрдна битка која не бира средства, знаејќи дека исходот кој сите нас нѐ чека е конечна промена на рамнотежата во левиот политички блок.

Како работничка партија – Левица уште повеќе добива елан кога номинално левата СДСМ својот бес го истура токму по работничката класа – која непогрешно ќе покаже меѓусебна солидарност кон овие нечесни напади врз поединци.”

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...