На градскиот кеј градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски го отвори државниот шампионат, во вид на 2-ра специјализирана изложба на шарпланинци–Меморијал Владимир Крстевски–,организиран одстрана на Друштвото на кинолози “Тумбак”-Куманово, со поддршка на Општина Куманово.
Учество зедоа кучиња шарпланинци од РСМ, Србија и Чешка и тоа во машка и женска категорија, застапени во следниве старосни граници: 3-6, 6-9, 9-12, 12-18, 18-24 и над 24. Беа доделени 65 пехари на кучиња шарпланинци.
Извор: Општина Куманово