Градоначалникот Костадин Костадинов оствари средба со заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн. Костадинов и Голдстајн разговараа на повеќе актуелни теми, а во центарот на разговорите беа новите предизвици на општина Струмица во следните четири години.
Градоначалникот Костадинов информираше за неговите планови и приоритети за развој на општината, за што доби поддршка, а заедничка е заложбата за унапредување на взаемната соработка, која и досега резултираше со реализација на проекти од областите кои ги поддржува Мисијата на ОБСЕ.
Извор: Општина Струмица