Ги известуваме граѓаните на Општина Богданци дека почнувајќи од утрово поради изведување на градежни активности за сообраќај е затворена крстосницата на улица „Крушевска“ со улица „Изворски“.Лицата кои живеат на улица „Изворски“ ќе имаат пристап до своите домови од крстосницата кај правното лице ТУРАН Иван ДООЕЛ Богданци.
Оваа крстосница повторно ќе биде отворена за сообраќај по завршување на градежните активности на истата.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да наидат на разбирање и да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.
Извор: Општина Богданци