На вчерашната прва конститутивна седница на новоизбраниот состав на
Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската иницијатива “За наше Куманово” со мнозинство од членовите на Советот беше изгласана за нов претседател на Совет на Општината.
Ѓорѓиевска ќе ја извршува функцијата претседател на Совет на Општина Куманово во претстојниот период.
Согласно дневниот ред, беа исцрпени сите предвидени точки, како и
дополнителните:
-Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за
финансирање и буџет на Советот на Општина Куманово
-Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за
комунални дејности на Советот на Општината.
Извор: Општина Куманово