spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Со Универзитетот „Укшин Хоти“ ја официјализираме одличната соработка

АПЈ: Со Универзитетот „Укшин Хоти“ ја официјализираме одличната соработка

Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, претставувана од директорот Илбер Села, потпиша Спогодба за соработка со Универзитетот „Укшин Хоти“ од Призрен, претставувана од ректорот проф. д-р Самедин Крабај.
Спогодбата претставува формализирање на соработката меѓу двете страни во спроведување на заеднички активности, организирање на научни средби, предавања од страна на јазични експерти за албанскиот јазик и култура, спроведување на заеднички научни проекти, размена на публикации, како и други активности.
Универзитетот „Укшин Хоти“ претставува јавна научно-образовна установа со седиште во Призрен, Република Косово, и потпишувањето на ваквиот документ со АПЈ ќе овозможи создавање цврсти темели за продлабочена соработка меѓу страните потписнички.

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...