spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Финансиска помош на семејствата на загинатите во несреќата во Р....

Гази Баба: Финансиска помош на семејствата на загинатите во несреќата во Р. Бугарија

Финансиска помош на семејствата на загинатите во несреќата во Република Бугарија.

По иницијатива на градоначалникот, вчера се оддржа четвртата седница на Советот на општина Гази Баба, на која членовите на Советот едногласно ја усвоија Одлуката за доделување на 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата која се случи во Република Бугарија пред два дена. Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите.

Во обраќањето пред членовите на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски порача:

“Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни.  Жителите од општина Гази Баба пред пет години беа соочени со друг вид на несреќа, која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Сингелиќ и останатите населени места погодени од поплавата.”

Општина Гази Баба не заборава, затоа кога и на кого да е потребно, општината ќе помага. Да не ни се повторат повеќе никогаш вакви трагедии.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...