Градоначалникот Бобан Стефковски, заедно со инспекциската служба од општината, беа на терен во вечерните часови низ територијата на општината каде најмногу се депонира и согорува отпад. Инспекторите започнуваат со инспекциски надзор во вечерните часови и за време на викендите, се со цел да се превенира и спречи согорувањето и депонирањето на отпад на јавни површини.
– Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети. Извршителите кои палат, согоруваат или депонираат отпад и на било каков начин ја загадуваат животната средина, ќе се санкционираат согласно Закон за јавна чистота и Закон за управување со отпад, истакна градоначалникот Стефковски.
Извор: Општина Гази Баба