spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Претрес, приведени две лица

МВР: Претрес, приведени две лица

На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Ж.(25) и З.Ж.(56), двајцата од Битола. При претрес во домот и возилото „мерцедес“ на Т.Ж., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

 

При претресот, неговиот татко З.Ж. ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија.

 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...