Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини при посетата на општина Арачиново оствари работна средба со градоначалникот Ридван Ибраими на која разговараа за предизвиците на новиот градоначалник во областа животна средина, како и за можностите за поддршка од страна на МЖСПП.
Посебен акцент беше ставен на решавање на долгогодишниот проблем со отворениот канал, како и на управување со отпадот, водоснабдувањето, отпадните води, но и на други прашања поврзани со подобрување на квалитетот на живеење во оваа урбана средина.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање