spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Учествувајте во креирање на Буџетот за 2022 година

Делчево: Учествувајте во креирање на Буџетот за 2022 година

До 1 декември на веб-страницата на Општина Делчево (delcevo.gov.mk) ќе биде отворена јавната анкета на која ќе можете да ги иницирате приоритетите и проектите за решавање во наредната 2022 со што директно учествувате во креирање на Буџетот на Општина Делчево.

Јавната анкета е достапна на следниот линк ЛИНК .

Воедно, ги информираме и претседателите на месните и урбаните заедници дека најдоцна до 1 декември треба до Општина Делчево да се достават записниците од одржаните состаноци во кои ќе бидат нотирани приоритетите во месните и урбаните заедници за решавање во 2022г.

 Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува сите граѓани, претставници на граѓански здруженија, правни лица дека, освен преку јавната анкета, предлози во писмена форма можат да доставуваат и преку општинската е-маил адреса info@delcevo.gov.mk.

По анализата на пристигнатите предлози, на почетокот на идниот месец ќе се одржи буџетски форум на кој ќе биде презентиран Предлог-буџетот за 2022 г, актуелните и планираните проекти од Општина Делчево за 2022 г., а на кој се очекува присуство на сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладиниот сектор.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...