Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ од утринава преземаат интензивни активности за расчистување на снегот од коловозите, тротоарите, пешачките патеки, чаршијата и останатите јавни површини.
Со цел да се обезбеди поголема безбедност на пешаците и учесниците во сообраќајот, ставена на располагање е целокупната механизација, како и моторните чистачи за снег со дувалка.
Извор: Општина Охрид