spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти...

ДКСК: „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”

Државната комисија за спречување на корупцијата и Транспаренси Интернешнл-Македонија во рамките на проектот „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво”, финансиски поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество, организираат настан за презентација на наодите од спроведените истражувања како дел од овој проект.

Целта на овој проект е да се утврдат ранливостите во инстиуциите и процедурите кои доведуваат до зголемена корупција во делот на просторното планирање, урбанизмот и градежништвото. Во текот на проектот беше извршена анализа на правните прописи од овие области, беа спроведени интервјуа со претставници на општини и приватни компании и беа организирани фокус групи кои имаа за цел да соберат податоци како би се направила анaлиза на ризиците од корупција во овие области. Врз основа на прибраните податоци и спроведената анализа, се подготвија и препораки како да се надминат ризиците од корупција.

Целта на овој настан е да се презентира анализата спроведена во рамките на проектот и подготвените препораки и да се развие дискусија за преземање на следни чекори за спречување на корупција во овие области.

Настанот ќе се организира во хибриден формат. Можете да го проследите онлајн на платформата ZOOM на следниот линк:

Invite Link       https://zoom.us/j/95592794223

Passcode         000000

Meeting ID     955 9279 4223

Агендата е достапна тука: Агенда

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...