Советот на општина Ѓорче Петров даде „зелено светло“ за ребаланс на Буџетот за 2021 година со што се кратат непродуктивни трошоци.
Преку ребалансот на Буџетот, општината обезбеди 7 милиони денари за доградба на градинката во Волково.
Советниците изгласаа кратење на трошоците за патување и сместување на Советот, ставката за патувања на градоначалникот, парите кои досега беа предвидени за одржување на службено возило, средствата за копирање и печатење и средствата предвидени за цвеќиња и сместување на гости.
Исто така, скратени се и средства кои беа предвидени за плати и надоместоци за вработувања, обезбедување и средства планирани за фотографирање.
Извор: Општина Ѓорче Петров