spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: Вицепрeмиерот Димитров на презентација на Извештај во сенка за поглавјето 27

СЕП: Вицепрeмиерот Димитров на презентација на Извештај во сенка за поглавјето 27

 „Недејствувањето во областа на животната средина и климатските процени ќе нé чини неспоредливо повеќе, а „цената“ ќе ја сносиме сите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес се обрати на промоцијата на првиот извештај во сенка за состојбата со усогласувањето и спроведувањето на законодавството за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, изработен од Платформата 27 како неформална мрежа на граѓански организации кои работат во областа.

Вицепремиерот Димитров ја истакна улогата на граѓанските организации во процесот на креирање политики, при што нагласи дека за приближување кон европските стандарди од Поглавјето 27 потребна е широка општествена заложба за економската и социјална трансформација со главен фокус на унапредувањето на животната средина.

Димитров: „Во нашата домашна реформска агенда – „Агенда: Европа дома“, животната средина е приоретизирана како клучна област, издигната на ниво на првиот кластер  „Темели“. Со оглед на долгогодишниот период на исполнување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Северна Македонија е во добра положба од аспект на степенот на подготвеност во однос на Поглавјето 27, но потребен е дополнителен поттик кој ќе ги забрза и продлабочи реформите, за што несомнено ќе помогне и почетокот на преговорите. Покрај усогласувањето со правото на ЕУ, многу значаен сегмент е и суштинската имплементација на донесените политики, а следна фаза е и употребата на „најдобри зелени технологии“ и креирањето на „зелени работни места“.  Зелената агенда за Западен Балкан е еден од клучните инструменти во областа, чие спроведување е поддржано од ЕУ преку Економскиот и инвестицискиот план, но тоа истовремено ја засилува нашата одговорност во процесот што налага градење на широк општествен консензус.“

Транскрипт од обраќањето на ЗПВ Димитров

На настанот се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, при што беше истакнато дека наодите од Извештајот во сенка ќе бидат земени предвид при креирање на политиките од областа со што ќе се зајакне партнерството со граѓанските организации.

 

 

Извор:  Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

0
Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен...