ВМРО-ДПМНЕ го урниса енергетскиот сектор, а денес бесрамно политизира и шири неоснована паника

Политички партииВМРО-ДПМНЕ го урниса енергетскиот сектор, а денес бесрамно политизира и шири неоснована...

Најчитано

Барок фасадата на АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), барок фасадата на МЕПСО, новата зграда дивоградба на АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ).

Штетен договор за модернизација на РЕК Битола заради кој и денес се води судска постапка,Затрупан рудник со над 100.000.000 метри кубни неископана јаловина во РЕК Битола во услови кога се потрошиле 210.693.569 евра за ископ на јаглен и дополнителни 7.982.234 евра за ангажирање на помошна механизација.

РЕК Осломеј – запуштен и нефункционален капацитет кој ,на пример, во цела 2016 година работел само 22 дена, наспроти 109 дена колку што работи досега годинава и ќе работи до крајот на април следната година.

Поскапување на струјата за цели 100 проценти.

Увоз на струја во вредност од 200 евра за MW во моменти кога цената на струјата на берзата изнесуваше 70 евра за MW.

Над 1 (една) милијарда евра потрошени за увоз на струја кога немаше енергетска криза ниту во светот, ниту кај нас.

Ова се само дел од “успесите” на ВМРО – ДПМНЕ за дванаесетте години владеење. Достигнувањата на Христијан Мицковски и како советник за енергетика на Никола Груевски и како член на раководни тела на АД ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и како генерален директор на компанијата, им се добро познати на македонската јавност.

Но, на дрскоста на ВМРО – ДПМНЕ секојдневно да ја третира енергетската криза во земјава и Европа, ѝ нема граници. Граѓаните се сигурни дека СДСМ ќе успее да се справи и со овој предизвик. Наспроти паниката што ја шират, небулозите со кои обвинуваат и лажната загриженост на ВМРО – ДПМНЕ, ние секојдневно работиме на справување со енергетската криза.

Институциите ги преземаат сите неопходни мерки грејната сезона да помине без последици за граѓаните и домаќинствата, а компаниите ги ставаат на располагање сите свои капацитети за да помогнат на стопанството.

 

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе