spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВраќањето на Ставрески е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од режимската...

Враќањето на Ставрески е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не е поместена од режимската матрица

Во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски нема никаква промена. Таму е присутна истата режимска матрица на Никола Груевски.

Последен доказ за тоа е и враќањето на висока партиска функција на кумот на Груевски и поранешен министер за финансии Зоран Ставрески.

Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.

Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“

Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред Ставрески и ќе работат во негов интерес наместо да одговараат пред граѓаните и да работат во нивен интерес.

Се појасно станува брзањето на Мицковски да ја превземете власта. Под притисок на бегалецот од Будимпешта, правите план за негово враќање. По негова насока ги враќате на пртиски позиции неговите најблиски соработници. Ги спремате ли и судиите кои ќе треба да го ослободат Груевски од секаква вина? Пак го отворивте Тефтерчето?
На Република Северна Македонија и е потребна интеграција со светските демократски текови, а не враќање во минатото.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...