spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Подароци од ЈЛБ „Илинден“ за лицата со попреченост од Дневниот центар...

Делчево: Подароци од ЈЛБ „Илинден“ за лицата со попреченост од Дневниот центар за лица со посебни потреби

Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ организирана по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост,  во посета на   ЈЛБ„Илинден“ беа лицата од  делчевскиот Дневен центар за лица со посебни потреби.

Посетата на градската библиотека беше со цел овие лица да се запознаат со библиотеката, начинот на работа и со богатството од книги. Директорката на библиотеката Билјана Петровска истакна дека секој на свој начин треба да даде придонес овие лица со посебни потреби полесно да се пробиваат низ животот и низ општеството.

– Лицата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар имаа своја работилница, изработуваат разни украси и сувенири и по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, библиотеката им подари материјали што им се потребни за нивната работа. Да бидеме хумани, да помогнеме, да подариме за да можат и тие лица да создаваат, творат, да се чувствуваат корисни и успешни во средината во која живеат, истакна Петровска.

Манифестацијата „Денови на хуманост-дарувај со срце“ која се реализира 4-та година по ред е во организација на Општина Делчево со поддршка на ЈЛБ„Илинден“, НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Делчево и образовните институции во градот.

Целта на настаните обединети со едно име „Денови на хуманост“ е да се разбуди филантропијата и општествената одговорност и да се подигне свеста за лицата со хендипек и нивното место во општеството. Активностите имаат заеднички именител-дека нема свет со различности и дека секој еден е важен.

Извор: Општина Делчево 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...