spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Денови на хуманост: Ликовна работилница

Делчево: Денови на хуманост: Ликовна работилница

Талентирани ученици од делчевските училишта заедно со штитеници од Дневниот центар ќе ги учат тајните на сликарството во рамките на Ликовната работилница која се реализира од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ . Ликовната работилница е  дел од програмата на„Деновите на хуманоста“ посветена на 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во организација на Општина Делчево и локалните институции.

Во работилницата активно се вклучени 16 ученици и 3 лица од Дневниот ценатр за лица со посебни потреби, а стручни соработници се Александар Белогаски и Благица Стојановска.

Примарната цел на активноста е интеграција и дружење на учесниците, но и создавање ликовни творби со посебен акцент на техниките на сликарството. Творбите од работилницата ќе бидат изложени по завршување на работилницата.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...