spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски ист како Груевски, за него почетокот на преговорите и пријателството со...

Мицкоски ист како Груевски, за него почетокот на преговорите и пријателството со соседите, било уништување за државата

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на неговиот ментор Никола Груевски, тие двајца одлучноста да се европеизира земјата преку почетокот на преговорите и пријателството со соседите секогаш ја претставувале уништување на државата.

Европскиот пат ја носи земјата напред, само за Мицкоски тоа било уништување.

Лицемерниот Мицкоски пред неполн месец кога Алтернатива ја повикуваше во коалиција, тоа го претставуваше како коалиција за спас на државата, а денеска кога му е јасно дека останува во опозиција, за Алтернатива вели дека е партија која ќе ја уништела државата.

Ова е лицемерно, неодговорно, несериозно и нечесно однесување на Мицкоски, ова е неговото вистинско лице.

Со таков однос Мицкоски уште долго ќе биде опозиција, затоа што секому му е јасно дека тој едно мисли, друго зборува, а сосем трето прави.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...