По повод 50 години од основањето на Средното училиште за внатрешни работи, вчера (05.12.2021) се одржа свечено одбележување во Центарот за полициска обука при МВР.
Денот го одбележа првата генерација средношколци – питомци, која започна со школување на 05.12.1971. На одбележувањето беа присутни и дел од професорите и раководители од МВР и Центарот за полициска обука.
Таа генерација ги постави стандардите за градење на македонски модел на полицаец. Таа и наредните генерации на средношколци до 2000–та година, по завршување на школувањето работеа и раководеа во МВР, согласно овластувањата од Законот за внатрешни работи.
Голем број од нив по завршувањето на Средното полициско училиште завршија високи школи, магистратури и докторати.
Првата генерација симболично се построи на истото место како пред 50 години. По предавањето на рапортот на присутните професори од нивната генерација се одржа класен час и се прикажа филмот ,,Матуранти,, – филм за првата генерација на средношколци.