spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕБуџетот на власта нема да ги реши проблемите на граѓаните и стопанството...

Буџетот на власта нема да ги реши проблемите на граѓаните и стопанството во пресрет на најголемата енергетска криза од осамостојувањето

Почитувани,

Во следните денови на собраниска седница ќе се расправа за Буџетот за 2022 година.

Овој Буџет нема да ги реши проблемите на граѓаните и стопанството во пресрет на најголемата енергетска криза од осамостојувањето.

Цените на основните производи се во постојан пораст и привременото замрзнување на дел од нив нема значително да го подобри животниот стандард на граѓаните.

Во текот на амандманската расправа поднесовме бројни суштински амандмани со цел цената на електричната енергија да не се зголеми и дополнително да им се помогне на граѓаните и компаниите но сите амандмани беа одбиени од страна на владејачкото мнозинство.

Наместо координаторот на СДСМ Јован Митревски, да ја манипулира јавноста со некакви бројки од прифатени амандмани му порачуваме суштински да се заложи кај својот лидер и да работи во интерес на граѓаните и нивните барања и потреби, а не да се занимава со весела математика што нема допир со реалноста.

Ние побаравме 10 милиони евра за интервентен фонд за земјоделците нешто што и тие го ветуваа но повторно го излажаа.

Одбија амандмани за изградба на градинки, реконструкција на училишта, третман на отпадни води и бројни други амандмани кои што се покорисни отколку да делат пари за проекти кои што треба да ја откријат „Пицата на Римјаните“.

Истовремено сакаме на СДСМ да им порачаме дека тие амандмани што биле прифатени и биле во голема сума како што тие тврдат е одраз дека на Буџетот му се потребни значајни интервенции и дека ВМРО-ДПМНЕ преку своите амандмани се бори за интересот и барањата на граѓаните.

Се надеваме дека парламентарното мнозинство ќе собере сили и ќе признае дека овој Буџет нема да реши ниту една криза со која се соочуваат граѓаните и стопанството.

Очекуваме во следните месеци да видиме и ребаланс на овој Буџет затоа што кризата е многу посериозна отколку што СДСМ и ДУИ сакаат да ја претстават.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте