spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВо Македонија постои системска корупција, нема владеење на правото, економска криза и...

Во Македонија постои системска корупција, нема владеење на правото, економска криза и тоа и ја олеснува на Бугарија блокадата

„Кога станува збор за тетовската болница се уште нема одговорност на засегнатите, не се прифати оставката на Филипче, сега гледам дека тој ќе биде лесно заменет со некој нов партиски пријател на Заев. Но, немаше одговорност за болницата и точно повикуваме на одговорност затоа што жртвите од тој случај и жртвите со случајот од автобуската несреќа каде што 130 пати еден автобус поминувал граница без лиценца, царината да го детектираат покажува системска корупција. Јас да бев на местото на претставниците на СДСМ на денот на борба против корупција ќе се криев со свиткана глава надолу, со скриен поглед за да не ме гледаат луѓето затоа што си го носите бремето на системска корупција“, истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“.

Андоновски додаде дека системската корупција на СДСМ чини човечки животи.

„Стравот кај нас постои дека СДСМ како и порано што го третираше Уставот како тоалетна хартија или марамче за една употреба ќе го третира и сега и ќе си поигра со нештата. Затоа што видете колку се флексибилни во изјавите. Ќе преоценуваат докази, ревизија ќе има, мониторирање ќе биде, па странски експерти ќе дојдат, па ќе ги видат случаите, па од друга страна албанската нова партија која што најавува дека ќе биде дел од мнозинството вели ќе се отворат случаи, па ќе има ревизија на случаите, и таа флексибилност на СДСМ е позната“, рече Андоновски.

Во однос на датумот за почеток на преговори, тој истакна дека власта не треба да им дава лажни соништа на граѓаните, затоа што видовме дека тоа носи до големи разочарувања. Тој посочи дека Бугарија успева толку лесно да не блокира, затоа што власта не си ја завршува домашната задача, тонеме во корупција, нема владеење на право, а имаме економска криза и лошо справување со пандемијата.

„Не се согласувам дека Бугарија успева да не попречи само поради билатералниот спор. Ако имавме ние добро досие, другите држави ќе имаа полесен простор за лобирање. По корупција  бевме 62 место  2010, а денес со оваа влада на Транспаренси интернешнл сме 111 место и тоа значи дека оваа власт не се бори со корупција. Токму првиот кластер Фундаменти кој треба да се отвори подразбира жестока борба против корупција, а измислени кампањи кои се скапо платени не може да не спасат.  Исто така и владеењето на правото е тука, а не може да договарате дека ќе отворате пресуди за брутално убиство на тинејџери, на припадници на полиција и безбедносни сили и да барате меѓународно расчистување, тоа не зборува за владеење на право.  Кога имате вакво досие надополнето со економска криза аи лошо справување со пандемија вие немате позиција на моќ во преговорите“, рече Андоновски.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...