Фондот за криминални иновации е ставен во полн погон. Скандалите со овој фонд во време на власта на Заев се секојдневие. Најголемиот дел од грантовите за поддршка на проекти се доделуваат на апсурдни проекти или пак на лица блиски до власта, што е само потврда дека се работи за матни зделки кои имаат за цел да полнат нечии џебови, а не да се поддржува иновативноста.
Така за Коста Петров и СДСМ иновативност е да се поддржи со 40 000 евра рецепт за пица, рецепт стар со векови. Дека се претворени во фонд за кулинарство говори и фактото што даваат народни пари и за поддршка на рецепти за маџун. Бесрамно и аздисано.
Иновативно за Коста петров е со 35 илјади евра да се поддржи купување на дрон.
Иновативност за власта е да се дадат пари на проекти зад кои стојат Рубинчо Заревски и Миле Милановиќ, двајцата блиски до СДСМ, за проекти кои светот веќе ги видел и во кои нема апсолутно никаква иновативност.
Фондот за иновации може да се преименува во Фонд за иновативен криминал преку кој се испумпуваат народни пари за поддршка на рецепти и купувања дронови или за поддршка на луѓе блиски до власта. За овие случаи, но и за десетиците други изминатите години мора да има одговорност. Не може додека народот осиромашува и не може месецот да го помине, некој со парите на граѓаните така неодговорно да се расфрла.
Извор: ВМРО ДПМНЕ