На 07.12.2021 година, во просториите на Синдикатот на УПОЗ, се потпиша Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки со кој дополнително се унапредија правата на вработените од работен однос.
На 07.12.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при општина Центарот за стручно образование и обуки, претставувани од Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски и претседателот на Синдикалната организација Билјана Апостоловска од една страна и Директорот на Центарот за стручно образование и обуки Шериф Мифтари го потпишаа Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки.
Оваа активност е уште еден показател дека Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со активностите за склучување на колективни договори на ниво на работодавач. Потпишувањето на овој Колективен договор е посебно значаен што Синдикалната организација при Центарот за стручно образование и обуки кон Синдикатот на УПОЗ е новоформирана (пред два месеци) и Колективниот договор е прва и најзначајна активност на синдикалната организација. Колективниот договор за вработените во Центарот за стручно образование и обуки содржи одредби со кои се подобруваат правата на вработените и нивата положба.
Во периодот кој следи, ќе бидат потпишани уште неколку колективни договори кои се во завршна фаза, со што ќе се унапредат правата од работен однос.
Извор: УПОЗ