spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Соопштение во врска со кампањата Моја земја, мој дом

Кисела Вода: Соопштение во врска со кампањата Моја земја, мој дом

Поради големиот интерес за вчераотпочнатата кампања “Моја земја, мој дом”, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни процесот на откуп за земјиштето, Општина Кисела Вода преку ова соопштение, нуди одговор на најчесто поставуваното прашање за тоа кое земјиште е опфатено со оваа акција.

 

 

Имено, “Моја земја, мој дом” се однесува на откуп на државно земјиште врз основа на издадено решение за легализација на објект од страна на Општина Кисела Вода. Овој процес, кој го насловивме “Моја земја, мој дом”, се спроведува согласно одредбите од ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ.

Постојат голем број на граѓани кои се во процес на приватизација на земјиште, кој се одвива во Бараката 9. Ве инфорираме дека во Бараката 9 е сместена подрачна единица на Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи. Општина Кисела Вода нема надлежност врз предметите кои се водат во друга институција. Воедно, тие постапки, се однесуваат на земјиште на кое право на користење имаат физички и правни лица и/или поседуваат објект кој е граден со уредна градежно-техничка документација, а не за легализиран објект. Постапките во Управата за имотно правни работи се одвиваат согласно ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ.

Се надеваме дека ова разграничување ќе им помогне на сите лица кои се заинтересирани за откуп на земјиштето под и околу легализираниот објект. Подетални информации има на следниот линк, во општинската архива, како и на телефонскиот број 02/2785-468.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...