Проектот “Заедно за просперитетна заедница” е дел одпрограмата „Активности за самоодржливост назаедницата“ (ЦСРА), кој го спроведува Институтот за истражување и анализа на политики “Ромалитико”,финансиран од УСАИД, со поддршка од Општина Куманово.
Целта на проектот е да воспостави одржливисистеми и да развие капацитети на заедниците, кои ќефинансираат и имплементираат решенија за сопственитеразвојни предизвици, со приоритет– подобрување на вклученоста и стандардот на живот на Ромите воромските заедници во 17 општини во РСМ, прекузголемување на капацитетите на ромската заедница заефикасно решавање на предизвиците во заедницата.
Преку овој проект ќе биде поддржан развојот накапацитетите за самоодржливост на целните групи прекуобезбедување поддршка, обука и менторство на локалнитересурсни организации во усвојувањето на нови и иновативни механизми за мобилизација на ресурсите заподобрување на квалитетот и одржливоста наактивностите на заедницата.
На презентирањето на предвидените проектни активности присуствуваа секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски и претседателката на Совет на Општината Ивана Ѓорѓиевска.
Извор: Општина Куманово