spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Голема хуманитарна акција "Биди општествено одговорен - ДОНИРАЈ

Гази Баба: Голема хуманитарна акција “Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски е покровител на голема хуманитарна акција “Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ.

Во акцијата се очекува да се поделат 500 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од општина Гази Баба. Во акцијата досега се приклучија фирмите: Макстил, Либерти Скопје, Пивара Скопје, Мак Аутостар и Виталиа, со кои денес беше потпишан меморандум за соработка.

– Им благодарам на компаниите кои го покажаа својот општествено одговорен карактер и се приклучија на Акцијата. Како општина и понатаму ќе се грижиме за нашите сограѓани и ќе даваме поддршка на сите категории на граѓани, особено на семејствата од социјален ризик.

Хуманоста е чин во кој помагаме на оние на кои им е потребна помош. Хуманоста и солидарноста се одлика за општина Гази Баба, истакна градоначалникот Стефковски во своето обраќање.

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...