spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Кампања против користење на пиротехнички средства

Кисела Вода: Кампања против користење на пиротехнички средства

„Среќна и безбедна 2022 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започна Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Општина Кисела Вода и ОБСЕ, со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.

 

Претставници од СВР и од Кисела Вода, денес ги посетија учениците од ООУ “Партенија Зографски”, каде преку едукативно предавање, ги запознаа со законските одредби, со опасностите, но и последиците од користењето на петардите и другите пиротехнички средства.

Децата добија летоци и пригодни подароци кои содржеа пораки за безбедно однесување. Воедно, апелот е упатен и до родителите кои треба да работат со своите деца и да им укажат на опасноста и последиците од користењето на петардите, кои се чест декор за време на Новогодишните празници.

 

Превентивните активности ќе продолжат и во наредниот период.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...