spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Даваме поттик и ја забрзуваме дигиталната трансформација

МИОА: Даваме поттик и ја забрзуваме дигиталната трансформација

Вчера министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири ја прими на работна средба менаџерката на „Mastercard“ за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово, г-ѓа Вања Манова и извршниот директор на Евротруст, г-дин Георги Димитров.

Оваа средба доаѓа по потпишувањето од страна на Владата на меморандумот за воспоставување услуга за дигитална идентификација во текот на 2020 година и по воведувањето на оваа услуга од страна на НЛБ Банка – Скопје, за прв пат во Северна Македонија.

Преку овој меморандум се обезбедени електронски потписи за државната администрација, за институциите кои го користат Системот за управување со документи, што ќе придонесе за поголема употреба на ДМС системот и следствено на забрзување на дигиталната трансформација.

На средбата, како што рече министерот Шаќири, договорено е во блиска иднина да се изврши интегрирање на услугата за дигитална идентификација во Системот за управување со документи.

„Со оваа услуга му даваме на електронскиот потпис исто правно дејство како класичниот потпис и пристапуваме кон нашата цел да ја намалиме на 0 употребата на хартија во државната администрација, што е уште еден чекор кон дигитализација на администрацијата и услугите во Република Северна Македонија“, истакна министерот Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...