spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нов томограф во ОБ Кичево - Болницата Свети Еразмо Охрид од...

МЗ: Нов томограф во ОБ Кичево – Болницата Свети Еразмо Охрид од ЕУ, доби апарат за Компјутерско снимање

Општа болница Кичево првпат добива најсофистициран апарат за компјутерска томографија (КТ). Кичевци повеќе нема да патуваат до Гостивар, Тетово или Скопје за преглед. Веќе пациентите нема да бидат во агонија додека чекаат термин за дијагностицирање или контрола на сериозни заболувања.

-Со новите апарати овозможуваме полесна работа и на специјалистите од различни области. Изразувам голема благодарност на нашите пријатели од ЕУ, евроамбасадорот Гир и холандскиот амбасадор Коп, кои финансиски го поддржаа овој проект за помодерен, современ здравствен систем каков што заслужуваат пациентите и медицинскиот персонал, рече министерот Венко Филипче по повод испораката на медицинска опрема од ЕУ во вредност од 3,7 милиони евра за нашата земја.

Специјалнатa болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид, пак, првпат по 50 години доби апарат за компјутерско снимање со магнетна резонанца.

Со донација од 3,7 милиони евра, апарати за магнентна резонанца добија и болниците во Струмица и во Прилеп. ЕУ обезбеди и апарати за компјутерска томографија за Кавадарци, Куманово, Гевгелија, како и за Универзитетската клиника за пулмологија во Скопје.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...