spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Животната средина бара координација и градање на локалните и националните капацитети

МЖСПП: Животната средина бара координација и градање на локалните и националните капацитети

Со цел разрешување на дилемите околу новите овластувања на општините и правила, согласно новиот Закон за управување со отпад, како и за прекршочните постапкисогласно истиот, вчера се одржа онлајн обука на тема: „Новините кои произлегуваат од новите закони за управување со отпадот“.

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше поздравно обраќање, а учество земаа претставници од општините, овластени општински инспектори за животна средина, комунални инспектори, државните инспектори за животна средина и други засегнати лица.

Притоа, беше презентиран новиот Закон за управување со отпадот, како и надлежноста за водење на прекршочни постапки и висината на предвидена глоба согласно законите од областа на управување со отпадот.

Обуката беше организирана како дел од активностите на Секторот за соработка со локалната самоуправа и управно надзорни работи, Одделение за соработка со локална самоуправа при Министерството за животна средина и просторно планирање со кои се реализира процесот на поддршка на кон локалната самоуправа.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...