spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Асфалтирање на улицата 22

Петровец: Асфалтирање на улицата 22

Во населено место Петровец, по завршеното поставување на канализационата мрежа и приклучоците, на улица 22 се отпочна со асфалтирање на истата.

Градоначалникот Борче Митевски заедно со Советникот од Советот на Општина Петровец – Златко Ацевски, присуствуваа на оваа градежна активност, за одблиску да се запознаат со текот на изведбата.

Улицата е со должина од 280 метри и истата комплетно треба да биде завршена за седум дена. Финансиските средства за овој проект се во висина од 1.250.000 денари и се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...