spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Сертификат на негувателите кои ќе се грижат за стари лица и...

Битола: Сертификат на негувателите кои ќе се грижат за стари лица и лица со попреченост

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски додели сертификати, на негувателите кои успешно ја завршија обуката за обезбедување на соодветна грижа за лицата на кои тоа им е неопходно.

Досегашната подготовка на негувателите, се спроведе како дел од проектот за обука на негуватели за помош на стари лица и лица со попреченост, кој се реализираше во соработка помеѓу Општина Битола и општинската организација на Црвениот крст.

Сертифицираните негуватели ќе бидат опремени и со медицински помагала, апарати за мерење шеќер, притисок, прва помош, со што ќе можат да одговорат на потребите на лицата кои се соочуваат со одредени потешкотии, да придонесат за подобрување на состојбата, но и да ја намалат нивната потреба од често посетување на здравствените институции или Центарот за социјална работа.

Согласно детектираните потреби на граѓаните, во соработка помеѓу Општина Битола и општинската организација на Црвен крст, како дел од Програмата за социјална заштита на општината, идната година предвидено е да се реализира обука за лична асистенција на лицата со попреченост.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...