spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Градоначалникот Коњановски, Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Битола: Градоначалникот Коњановски, Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион

Во Општина Битола се одржа конститутивната седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, на која присуствуваа градоначалниците од деветте општини од регионот, како и претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На седницата, за претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, едногласно беше избран, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Согласно дневниот ред, беше донесена Одлука за распишување на Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – претставник од здруженијата, како и Одлука за отпочнување на постапка за избор на претставник од бизнис заедницата за член во Совет за развој на Пелагонискиот плански регион.

Од страна на Советот, беше побаран извештај од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, за моменталната состојба, тековните проекти, нивниот статус на реализација, како и предлог проектите со кои центарот аплицирал на одредени програми и повици.

На овој начин, ќе се овозможи непреченост во работата на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион како во однос на донесувањето и спроведувањето на планските документи, така и во врска со обезбедувањето на координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој.

Согласно својата надлежност, Советот ќе иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,

Промовирањето на прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси, ќе биде, исто така, еден од приоритетите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...