spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повторен конкурс за прием на студенти на додипломски студии во државните...

МОН: Повторен конкурс за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови за 2021/2022 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02, 82/08,167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19)), член 24 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/2013, 30/2013, 120/2013, 41/2014, 146/2015, 30/2016, 178/2016, 64/2018, 20/2019и 19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/19), Министерството за образование и наука распишува: 

 

Повторен конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година

 

I.1. Во студиската 2021/2022 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Северна Македонија во приватните студентски домови ќе се примаат редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа:

 

Реден број СТУДЕНТСКИ ДОМ МЕСТО ВКУПЕН БРОЈ НА ЛЕГЛА
1 ДСД “СКОПЈЕ” Скопје
-КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ 6
-СТИВ НАУМОВ – трета зграда 50
2 ДСД “ПЕЛАГОНИЈА” Скопје 300
3 ДСД “ТОМЕ СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ” Скопје 300
4 ДСД “КОЧО РАЦИН” Битола 158
5 ДСД “НИКОЛА КАРЕВ” Охрид 113
6 ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА” Прилеп 100
7 ПСД “ОАЗА” Штип 50
8 ПСД “ХИЛЈАДНИКОВ” Штип 8
9 ПСД “ УЈИЕ ” Тетово 120
ВКУПНО: 1205

* Министерството за образование и наука го задржува правото да го уредува бројот на лица сместени во во студентските домови согласно важечките протоколи за работа во услови на справување со вирусот COVID 19 и општата епидемиолошка состојба во државата.

 

I.2. Распределбата на вкупниот број на расположиви места во домовите се врши на следниот начин:
а) прва група – 40% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти за кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија, и тоа за студенти:

– деца без родители и родителска грижа,
– деца со посебни потреби,
– деца на корисници на социјална парична помош и постојана парична помош,
– деца на самохран родител,
– деца на невработени родители и
– деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.
б) Во првата група спаѓаат и студенти за кои вкупните приходи во семејството се над нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија и тоа за студенти:
– деца без родители и родителска грижа,
– деца со посебни потреби,
– деца на самохран родител,
– деца на невработени родители
– деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини.

в) Втора група – 25% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето.
г) Трета група – 35% од вкупниот број на расположивите места во домовите се за редовни студенти запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовните установи во Република Северна Македонија кои не припаѓаат во групите од точките а), б) и в) на овaа точка.

I.3. Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, 20% се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија.
II. УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
II.1. Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Северна Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, запишани на додипломски студии со траење:
– помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година;
– осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и
– над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години;
II.2. Право на прием во државните студентски домови имаат и редовни студенти кои се запишани на јавните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, а се избрани со конкурси, одлуки, решенија, договори и сл. и тоа: владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Северна Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билателарни договори и слично.
II.3. Немаат право на прием студентите:
1. кои го нарушиле куќниот ред во домот и за што им е изречена воспитна мерка забрана за користење на услугите на домот, за време определено во изречената воспитна мерка,
2. запишани по втор пат како апсолвенти,
3. кои не ги подмириле обврските за сместување кон домовите повеќе од еден месец,
4. запишани на постдипломски студии.

II.4. Студентите кај кои Комисијата за прием ќе констатира злоупотреба на добиеното легло, истото ќе им биде одземено и доделено на студент од листата на чекање за соодветниот дом.

III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом. Рокот за пријавување на студентите почнува од 20.12.2021 година и трае до 31.12.2021 година. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануват непополнети сместувачките капацитети во одреден дом,пријавување ќе продолжи се до пополнување на истите, но најдоцна до 31.01.2022 година.

 

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
    IV.1.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
    Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом:
    1. Молба;
    2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
    3. Потврда за редовност во текот на студиите;
    4. Испечатена електронска пријава заради проверка на податоците;
    5. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
    6. Заверен образец “УППИ”;
    7. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
    8. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе гo докажат нивниот статус;
    9. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
    10. Изјава за идентичност на податоците;
    11. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
    12. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец ноември 2021 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставува последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
    13. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
    – уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки,добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители- старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
    – потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;
    – извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
    – уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
    IV.2. ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТИ
    Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом

Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа и студенти кои се лица со посебни потреби ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11.
Заради настанатата ситуација со епидемијата со КОВИД19 и заради избегнување на масовни собирања и групирања, кандидатите кои конкурираат за студентски дом со пријава во хартиена форма (евидентен лист) горенаведените документи ги доставуваат до студентскиот дом за кој се пријавуваат за сместување и тоа почнувајќи од 20.12.2021 година до 31.12.2021 година, Студентскиот дом ги доставува документите од сите кандидати до  Комисијата за прием и проверка на документацијата во домот за кој конкурираат.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
– некомплетна и
– ненавремено доставена.
Кандидатите нема да бидат рангирани на конечниот список на прием на студенти во студентски домови ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

  1. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ
    V.1. Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулираат согласно Законот за студентскиот стандард и Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови (“Службен весник на Република Македонија” број 89/13, 98/13 и 130/16). Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во текот на студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
    V.2.Конечниот список за прием на студентите ќе се објави на 15.01.2022 годинана огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по резултатите се доставува до архивата на Министерството за образование и наука, „ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.

V.3. Доколку бројот на студенти, кои ги исполнуваат условите согласно утврдените групи во глава I.2.од овој Конкурс, е помал од предвидениот број на легла, слободните места ќе се пополнуваат по редослед со студенти кои ги исполнуваат условите од другите групи.

V.4. Доколку се обезбедени соодветни услови, слободните места во студентските домови ќе може да се пополнат со ученици, согласно условите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.

 

  1. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список

 

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 baranje_1_1.docx izjava_za_identicnost_na_podatocite_2_1.doc Izjava_za_podmiruvanje_na_troshocite_2_1.doc Izjava_za_semejna_polozba_2_1.doc izjava_za_soglasnost_2_1.doc UPPI_2021_1.doc

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...