spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Процесот на дигитализација е една од нашите најважни цели и ние...

МИОА: Процесот на дигитализација е една од нашите најважни цели и ние сме посветени и решени да го одведеме до крај

Регистарот за правни лица во Централниот регистар веќе е поврзан со Системот за управување со документи (ДМС).

Владата на Република Северна Македонија на својата 129-та редовна седница ги усвои информативните точки за интеграција на Информацискиот систем за управување со човечки ресурси со Централниот регистар на население, интеграција на Системот за управување со документи со Централниот регистар за правни лица и официјални потпосници и интеграција на Системот за управување со документи со националниот портал за електронски услуги (uslugi.gov.mk).

Интеграцијата меѓу Системот за управување со документи и Централниот регистар за правни лица и официјални потписници е финализирана и успешно работи.

Тендерската постапка за интеграција на Националниот портал за електронски услуги со ДМС Системот е во тек и наскоро ќе биде потпишан договорот за одржување на системот.

Во однос на интеграцијата на Информативниот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со Централниот регистар на население, планирани се активности за новиот систем ИСУЧР.

Нашата цел е да создадеме капацитети и да ја зголемиме благосостојбата на нашите граѓани и сметаме дека дигитализацијата е еднa од главните придонесувачи за постигнување на оваа цел.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...