spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација

АМС: Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација

„Младите против насилството” е мотото под кое беше потпишан меморандум за соработка од страна на Агенцијата за млади и спорт и Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот, со претставници од граѓанскиот сектор меѓу кои „Иницијатива за европска перспектива”, НЕКСУС, ЗРА АКВА Струга , ЦИД Куманово и Организација за градење на заедницата од Митровица- Косово.

-Спречувањето на насилниот екстремизам бара стратегија на инволвирање на локалните заедници и поширок спектар на општествени чинители во целиот процес бидејќи тие можат да одиграат клучна улога во препознавањето и борбата против насилниот екстремизам.

Превентивното делување нужно наметнува потреба од широка вклученост на различните општествени чинители,  дури и на локалните средини или заедници, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека токму и идејата на овој проект, во кој се вклучува и Агенцијата за млади и спорт, има за цел Зајакнување на капацитетот на локалното граѓанско општество за градење на отпорност против радикализација на младите во Република Северна Македонија, односно во градовите Скопје, Струга и Куманово.

Агенцијата  за млади и спорт досега има реализирано и неколку проекти и кампањи меѓу кои и кампањата  „Сопри го насилството – не го разгорувај“, во соработка со Националниот комитет и Министерството за внатрешни работи. Целта на Агенцијата во однос на оваа проблематика е Промовирање на меѓуетничка соработка помеѓу младите во мултикултурните градови, впрочем што е цел и на овој проект.

Во иднина Агенцијата ќе превземе и низа на активности за спречување на насилството на спортските терени, при одржување на спортски натпревари.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...