Најавите на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за ретерирање во нејзините намери да стопира важни проекти за скопјани во овие околности може да се толкуваат само како купување време и обид за прикривање на сопствената неспособност.
Нема оправдување за таквото несериозно и неодговорно однесување на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовска треба да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Мостовите се важни за градот, БРТ транспортот е важен за скопјани.
Граѓаните на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а не да поништуваат и стопираат капитални и важни проекти.
Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи за пожарникари, разрешуваат директори и стопираат проекти.
Извор: СДСМ