spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Домашни претпријатија контролирани од странство (iFATS), 2019 година

ДЗС: Домашни претпријатија контролирани од странство (iFATS), 2019 година

Странска филијала претставува домашно претпријатие контролирано од нерезидентна (странска) институционална единица. Статистиката на странските филијали ја покажува економската активност на резидентните претпријатија во земјата во кои странскиот капитал (од една или од повеќе земји) учествува во вкупниот капитал со над 50 %. Основна цел на овие податоци е да се прикаже учеството на овие претпријатија и нивното влијание во домашната економија.

Во 2019 година, 1874, односно 3.2 % од вкупниот број активни претпријатија (58 765) во рамките на нефинансискиот деловен сектор1⁾, биле странски филијали ‒ домашни претпријатија контролирани од странство. Тие ангажирале 20.1 % од вкупно вработените, реализирале 39.2 % од вкупниот промет, односно 34.3 % од вкупната бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат, што укажува на нивното значително влијание врз домашната економија.
Најбројни се оние во секторот Трговија на големо и мало и поправка на моторни возила (31.5 %). Најголем дел од вработените, и тоа над 80 %, се ангажирани од секторите Преработувачка индустрија (57.5 %), Трговија на големо и мало (14.0 %) и Информации и комуникации (8.3 %).

Најголем придонес на странските филијали во додадената вредност имал секторот Индустрија со 57.0 % (Преработувачката индустрија со 41.1 %, Вадење на руда и камен со 8.4 %, Енергија со 7.1 %), потоа Информации и комуникации со учество од 15.1 % и Трговијата на големо и мало и поправка на возила со 14.3 %.

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји (78.9 %). Земјите членки на ЕУ контролираат 59.1 % од странските филијали во кои се ангажирани 70.8 % од вработените и учествуваат со 76.0% во додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија (15.7 %), Холандија (15.3 %), Обединетото Кралство (10.1 %), Германија (8.9 %) и Унгарија(5.9 %). Нивното учество во вкупната додадена вредност на домашната економија1) изнесува 19.2 %, што значи дека вкупната додадена вредност е во таа мера под контрола на претпријатијата со мнозински странски капитал.

Прочитајте и дознајте детално:

Преземи табели

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...