Во организација на Средното општинско стручно училиште „ИЛИНДЕН“-Илинден заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во просториите на СОСУ Илинден во Општина Илинден, се одржа Multiplier Event „BEST PRACTICE IN TEACHING ML & DS IN VET“ во рамките на проектот „Advancing Machine Learning in Vocational Education – VALENCE“.
Целта на овој проект кој е во траење од 3 години, е креирање на целосно бесплатна образовна платформа за машинско учење за потребите на сите средношколци за што подобро да ги разберат и совладаат техниките на машинско учење, како во иднина би биле и поконкурентни на пазарот на трудот. Влијанието на проектот ќе биде долгорочно и ќе донесе унапредување не само на перспективите за кариера на учениците, туку и на училишните центри како институции кои секогаш го следат светскиот тренд на иновации, а најновите технолошки практики ги имплементираат и применуваат при вршењето на воспитно образовната дејност.
Овој проектот претставува одлична можност за споделување на различни образовни практики за наставниците и вработените, бидејќи тоа ќе има влијание врз идните наставни програми и планови. Некои вработени ќе имаат можност да патуваат и да видат како се практикуваат различни наставни методи, што ќе ги прошири нивните хоризонти.
Партнери во овој проект од програмата ERASMUS + се: Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, како носител на проектот, Средното општинско стручно училиште ИЛИНДЕН од општина Илинден, Научниот институт Јожеф Стефан од Словенија, Школскиот центар КРАЊ од Словенија и Електротехничката школа Михајло Пупин од Нови Сад, Србија.
Извор: Општина Илинден