spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаКовачевски: Технократскиот пристап за мене значи мерит систем на раководење, секој што...

Ковачевски: Технократскиот пристап за мене значи мерит систем на раководење, секој што извршува јавна функција одговара

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 истакна дека планира Владата да ја предложи околу 10-11 јануари идната година, односно во рок, пократок од уставно предвидениот и додаде дека принципот на одговорност ќе биде одлика на управувањето.

„Технократскиот начин на управување, обично се поврзува со цврста рака на владеење, меѓутоа за мене тоа значи еден мерит систем на раководење, каде што секој којшто извршува одредена јавна функција, треба одговорно и чесно да ги извршува своите задачи, согласно со зададените цели. Секој, низ личен пример, да работи во интерес на граѓаните и да одговара при непостапување“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека од работата на новата Влада може да се очекува силна посветеност на економските реформи во државата, силна посветеност на справувањето со најгорливите прашања, а тоа се предизвиците од енергетската глобална криза, корупцијата, владеењето на правото, како и продолжување на патот за влез во ЕУ.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Илинден: Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

0
Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен...