Свечената сала на МНТ беше местото каде завчеравечер беа прогласени најдобрите спортисти во девет категории.
Ива Младеновска е прогласена за најдобра млада спортистка, а во машка конкуренција за најдобар млад спортист беше избран каратистот Столе Смилковски.
Женската кадетска ракометна и машката сениорска фудбалска репрезентација беа прогласени за најдобри национални тимови.
Најдобар спортист со телесен инвалидитет е Андреј Стојановски, а најдобар тренер-селектор Борче Костовски.
За најдобар спортист е прогласен таеквондистот Дејан Георгиевски кој доснесе сребро тешко како злато на ОИ во Токио!
Најдобра спортистка за 2021 е Мери Акиевска, која освои четири медали на СП во бодибилдинг!
Таеквондо федерацијата е најдобра во изминатава 2021 година.
Честитки до сите спортисти кои вчера беа избрани во најдобрите, но и до сите кои покажаа дека спортот живее и во време на глобална пандемија, македонскиот спорт нижи успеси и одлични резултати!
Агенција за млади и спорт останува поддржувач на сите спортисти, како најдобри амбасадори на нашата држава!
Извор: Агенција за млади и спорт